Кошарка Македонска кошарка Меѓународна кошарка

ТФТ поразен во првиот натпревар против Широки Брег

Во првиот натпреваr од финалето, ТФТ на гостувањето кај Широки Брег претрпе пораз со резултат 88:69. Макеоднскиот претставник добро го започна натпреварот, ги доби почетните две четвртини и на полувреме замина со предност од сеум поени (44:37). Домашната екипа во третата четвртина успеа да го сврти резултатот во своја полза, за во последната четвртина, играчите на Боро Смилковски да имаат голем пад во играта, во која постигнаа само седум поени.

За ТФТ најефикасен беше Ентони Говенс со 17 поени, а кај домашната екипа МС Крири постигна 26 поени.

Во вториот натпревар ТФТ ќе биде домаќин, на 29 април, со почеток од 19:00 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести