Одличен старт на екипата на ТФТ во полуфиналната серија против Сутјеска во АБА 2 Лигата. На гостувањето во Никшиќ, македонската екипа одигра одличен натпревар и го направи првиот чекор кон пласман во финалето на АБА 2 Лигата. Играчите на ТФТ одлично го отворија натпреварот и на полувреме заминаа со голема предност (59:41). На стартот на вториот дел, домакинот ја намали негативана, но сепак кошаркарите на ТФТ останаа смирени и сконцентрирани до крај и славеа победа со 93:88. Со оваа победа ТФТ поведе во полуфиналната серија со 1-0 и ќе има две меч топки за пласман во финалето на АБА 2 Лигата.
Ташовски го предводеше тимот од Скопје со 28 поени, а Дејвис ЏР и Гордон постигнаа по 14 поени. Кај домашната екипа најдобар беше Баровиќ со 17 поени.
Серијата се игра до две победи, а следниот натпревар ќе се одигра на 15 април во Скопје.

