Денес ќе се одиграат два натпревари во рамки на машката кошаркарска МТЕЛ Супер лига. Во групата на победници, ТФТ после тешкиот пораз на гостувањето кај Пелистер и по поразот од Широки Брег во финалето на АБА 2, сака да се врати на победите против Маџари на домашен терен, додека Маџари се бори за една од позициите кој водат во полуфиналната фаза. Натпреварот ќе почне во 13:00 часот.
Во Плеј-аут фазата Куманово ќе ја пречека екипата на Работнички. И двете екипи го обезбедија опстанокот во Супер лигата за следната сезона, па ќе влезат растеретени во овој натпревар, кој ќе почне во 18:00 часот.

