Кошарка Македонска кошарка Меѓународна кошарка

ТФТ има прва меч топка за финале во АБА 2

Екипата на ТФТ вечерва во 18:00 часот го игра вториот натпревар од полуфиналната фаза во АБА 2 лигата, против екипата на Сутјеска. На привиот натпревар во Никшиќ, скопјани славеа победа 93:88, поведоа со 1-0 во серијата и направија битен чекор за пласман во истротиското финале во АБА 2 лигата. Серијата се игра до две победи, а ТФТ ќе има две меч топки, од кои првата е вечерва, на домашен терен да се пласира во финалето.

Ако кошаркарите на Боро Смилковски успеат во својата намера и се пласираат во финалната рунда, таму за противник ќе ја имаат екипата на Широки Брег која со 2-0 славеше во серијата против Хелиос.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести