Денес продолжува 2. коло од машката кошаркарска МТЕЛ Супер лига, а во групата на победниците ќе се одигра и дербито помеѓу ТФТ и МЗТ Скопје, кое на победникот ќе му го донесе првото место на табелата. Домаќинот ТФТ е лидер на табелата, со еден бод повеќе од второпласираниот МЗТ Скопје. Натпреварот ќе почне од 13:00 часот.
Екипата на Кожув од 17:00 часот ќе го пречека Пелистер, а во последниот натпревар од ова коло, во 18:00 часот, Тиквеш ќе биде домаќин на Маџари.
Во Плеј-аут фазата продолжува борбата за опстанок. Работнички на гости кај Гостивар може да дојде многу блиску до целта да го потврди опстанокот. Тој натпревар ќе почне од 18:00 часот.
Во останатите натпревари, Чаир 2030 како прв на табелата, во 19:00 часот, ќе го пречека Куманово, кој е на втората позиција, а Феникс 2010 ќе гостува кај КК Ангели од 17:00 часот.

