Кошарка Меѓународна кошарка

Тежок удар за Реал Мадрид: Таварез ја заврши серијата против Хапоел, под знак прашалник и сезоната!

Реал Мадрид се соочува со сериозен проблем откако клубот потврди дека Валтер Таварез ги повреди лигаментите на левото колено за време на првиот четвртфинален меч против Хапоел. Станува збор за повреда на медијалниот колатерален лигамент, што значи дека доминантниот центар дефинитивно ќе ги пропушти сите преостанати натпревари од оваа серија.

Нови медицински прегледи се закажани за две недели, по што ќе се знае дали постои шанса тој да му помогне на тимот на евентуалниот „Фајнл-фор“. Сепак, дел од шпанските медиуми веќе стравуваат дека за искусниот кошаркар оваа натпреварувачка сезона е веќе завршена. Ова е огромен удар за амбициите на клубот од Мадрид, кои во клучниот дел од годината остануваат без својот најдобар дефанзивец и столб во рекетот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести