Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Тежи шест килограми и вреди милиони… сè за трофејот на Светското првенство!

Пехарот на Светското првенство е еден од најпрепознатливите и најпосакуваните спортски трофеи во светот. Освен огромната симболична вредност, тој има и неверојатна материјална цена, која се проценува на повеќе од 20 милиони долари. Оригиналниот трофеј е изработен од 18-каратно цврсто злато, тежи околу шест килограми и е висок 36,8 сантиметри. На неговата основа се наоѓаат две зелени ленти изработени од малахит, а на долната страна има златна плочка на која се изгравирани имињата на сите светски шампиони од 1974 година наваму.

Иако капитенот на победничката репрезентација го крева оригиналниот пехар по финалето, тој не останува во нивна сопственост. Светските шампиони добиваат верна реплика со бронзена основа, која ја користат за прославите и ја изложуваат во просториите на својата федерација. Единствен исклучок во историјата е Бразил, кој по освојувањето на третата светска титула во 1970 година доби право трајно да го задржи тогашниот оригинален трофеј „Жил Риме“.

Покрај трофејот, фудбалерите од шампионската репрезентација добиваат и златни медали, но токму легендарниот пехар останува најголемиот симбол на светската фудбалска слава.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.