Последното слободно место за следната сезона и официјално му припадна на Тетекс, кој со вистинска демонстрација на сила го осигура својот престој во Втората лига.
Тетовските „Штофари“ одиграа фантастичен натпревар на стадионот во Ѓорче Петров, каде без милост го прегазија тимот на Влазрими со неверојатни 9-0. Прашањето на победникот беше решено уште во првиот дел кога Тетекс стекна сигурна предност од 3-0, додека во вторите 45 минути на теренот видовме целосна доминација и рутинска завршница на задачата за огромна радост.
Со овој триумф конечно се комплетираа сите патници за следното издание на ВМФЛ. Претходно, низ бараж-филтерот виза за второлигашката конкуренција обезбедија и екипите на Еуромилк Горно Лисиче и Камјани, како и составот на Кожуф, кој исто така успеа да го одбрани својот статус преку овие дополнителни натпревари.

