Во последниот натпревар од 25. коло во Првата македонска фудбалска лига, Работнички има тешка задача на гостувањето во Струга, во натпревар кој ќе се одигра денеска од 15:30 часот на Градскиот стадион. Тимот од Градски парк е во супер форма во вториот дел од полусезоната, каде во последните пет натпревари имаат забележано четири победи. Во моментов се наоѓаат на 11. позиција со 22 бода.
Дефанзивниот играч на Работнички, Џастин Крантове, пред овој натпревар изјави:
„Струга Трим Лум е еден од најдобрите тимови во лигата и ќе биде ова голем предизвик за нас. Но, подготвени сме. Во изминатите две седмици работевме напорно и сакаме да продолжиме со истиот ритам, затоа што ја пронајдовме формата што ја посакувавме за завршниот дел од првенството. Сѐ уште сме во незавидна позиција и мора да освојуваме бодови на секој натпревар. Се надевам дека ќе одиграме добро во Струга и дека на крајот ќе бидеме наградени за тоа“

