Меѓународен фудбал Фудбал

Тешка задача за Динамо Загреб, Викинг е моќен пред својата публика

Хрватскиот шампион Динамо Загреб го очекува исклучително тешко гостување во Ставангер против норвешкиот Викинг во реванш-натпреварот од плејофот за пласман во Лигата на шампионите. По почетните 2-2 на „Максимир“, каде што норвешкиот состав експресно успеа да надополни негатива од два гола, загрепчани имаат императив да бркаат победа за да обезбедат место во елитното друштво и да избегнат преселба во Лигата на Европа.

Сепак, статистиката на домашен терен е во целосна корист на шампионот на Норвешка. Викинг оствари дури 13 победи на последните 14 натпревари пред своите навивачи во сите натпреварувања во изминатата година, а единствениот пораз го претрпе во националниот куп. Дополнителна предност за домаќините е што го прескокнаа првенственото коло минатиот викенд за подобро да се подготват за овој дуел, додека Динамо мораше да игра во домашниот шампионат против Вараждин каде славеше со 3-1.

И покрај застрашувачката домашна форма на противникот, капитанот на Динамо Загреб, Јосип Мишиќ, порача дека неговиот тим поседува поголем квалитет и дека од првата минута ќе оди на победа. Доколку Викинг успее да го елиминира хрватскиот првак, Норвешка ќе има дури два претставници во групната фаза од Лигата на шампионите, каде што Бодо/Глимт веќе обезбеди пласман.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.