Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Тешка повреда на Хендерсон. Прославата се претвори во ужас (ВИДЕО)

Англија избори пласман во четвртфиналето на Светското првенство со победата над Мексико, но еуфоријата ја расипа бизарната повреда на Џордан Хендерсон. Искусниот играч за врска заврши во болница непосредно по натпреварот.

Хендерсон се приклучи на славењето под трибината со англиските навивачи, но при обидот да се врати на теренот се склизна додека прескокнуваше рекламен панел и падна незгодно на раката. Медицинскиот тим мораше да го изнесе од теренот на носила, по што веднаш беше пренесен на детални прегледи.

Селекторот Томас Тухел потврди дека повредата на рачниот зглоб изгледа многу сериозно и дека Хендерсон нема да патува назад со тимот. Ова е нов голем проблем за Англичаните пред четвртфиналето, со оглед на тоа што надвор од комбинација се и повредениот Рис Џејмс и суспендираниот Џарел Кванса.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.