Германскиот чувар на мрежата Марк-Андре тер Штеген е новото засилување за холандскиот гигант Ајакс, откако клубот од Амстердам го комплетираше неговиот трансфер непосредно по елиминацијата на Војводина во квалификациите за Лигата на конференции. Доскорешниот голман на Барселона пристигнува на едногодишна позајмица, а за сабота се закажани задолжителните медицински прегледи и официјалното потпишување на договорот.
Финансиските услови за Ајакс се исклучително поволни, со оглед на тоа што Барселона се согласи да покрива дури 90 проценти од неговата плата во текот на оваа сезона.
Тер Штеген ја загуби првотимската позиција во Каталонија, каде што предност кај тренерот Ханси Флик имаат Жоан Гарсија и Војчех Шчесни. Поради проблеми со повреди, тој минатата сезона забележа само три настапи, па преселбата во Холандија претставува идеална можност за враќање на формата, додека Ајакс се подготвува за следниот европски предизвик против ирскиот Шелбурн.

