Кошарка Меѓународна кошарка

Теодосиќ започна да дејствува, Црвена звезда пред потпис со капитенот на Виртус!

Раководството на белградска Црвена звезда веќе наголемо го крои играчкиот кадар за следната натпреварувачка сезона, а според најновите информации кои доаѓаат директно од италијанските медиуми, примарна трансфер цел на црвено-белите е репрезентативецот на Италија и актуелен капитен на Виртус Болоња, Алесандро Пајола.

Спортските новинари од Апенините пренесуваат дека преговорите меѓу двете страни се наоѓаат во напредна фаза и дека финалниот договор е многу блиску до реализација, со што Белграѓани се на чекор до обезбедување на врвно засилување на бековската позиција. Интересот на српскиот евролигаш за услугите на Пајола датира уште од минатото лето, но овојпат шансите за негова преселба на Мали Калемегдан се поголеми од кога било досега благодарение на еден клучен фактор во преговарачкиот процес.

Се работи за легендарниот Милош Теодосиќ кој неодамна презеде важна функција во спортскиот сектор на Црвена звезда и кој реши максимално да ги искористи своите врски, со оглед на тоа што со Пајола поминаа неколку фантастични заеднички години во Болоња, па нивниот одличен приватен и професионален однос се смета за главен адут кој треба да ја прекине единаесетгодишната верност на Италијанецот кон матичниот Виртус.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.