Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Тензии по успехот на БиХ: Врањеш во вербална пресметка со репрезентативците! (ВИДЕО)

Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Огњен Врањеш, повторно се најде во центарот на вниманието поради своите изјави, овојпат откако јавно им возврати на Тарик Мухаремовиќ и Ермедин Демировиќ. Двајцата репрезентативци неодамна го потсетија на неговата стара изјава дека БиХ „никогаш повеќе нема да се пласира на големо натпреварување“, објавувајќи пораки на социјалните мрежи по успешниот настап на националниот тим на Светското првенство.

Врањеш реагираше остро на подкаст гостување, истакнувајќи дека неговите зборови од пред неколку години биле погрешно сфатени. Според него, критиките тогаш не биле насочени кон репрезентацијата или фудбалерите, туку кон луѓето кои во тој период раководеле со Фудбалскиот сојуз на БиХ.

Тој потсети дека повеќе од една деценија го носел дресот на националниот тим и бил дел од генерацијата која обезбеди историски пласман на Светско првенство. Врањеш настапи на 38 натпревари за сениорската репрезентација на БиХ, а кариерата ја заврши во 2024 година по настапите за повеќе клубови низ Европа.

@markxxl_miinimum #foryoupage #foryou #fyp #viraltiktok #viral ♬ izvorni zvuk – markxxl_miinimum

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.