Меѓународен фудбал Фудбал

Тен Хаг без влакна на јазикот: Роналдо не сакаше ниту да трча, ниту да тренира

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, во интервју за „Атлетик“ ги откри вистинските причини зад жестокиот судир со Кристијано Роналдо во 2022 година, посочувајќи дека морал да воспостави строг авторитет бидејќи португалската суперѕвезда ги прекршувала основните правила на клубот.

Холандскиот стратег истакна дека Роналдо потфрлил и на кондициски и на професионален план, со што директно ја нарушил атмосферата во екипата.

„Ме изневери и мене и екипата, бидејќи сметавме на него. Тој е еден од најдобрите на сите времиња, но морав да постапам рационално. Пропушташе тренинзи, а кога ќе дојдеше, не трчаше доволно и не го подигаше пулсот на бараното ниво. Не се движеше ниту со топка, ниту без неа, а им зборуваше на соиграчите да ги ‘штедат нозете’ на тренинзите, со што лошо влијаеше врз сите“, открива Тен Хаг.

Покрај Португалецот, холандскиот стручњак упати критики и кон т.н. „мадридска врска“ во тимот, составена од Роналдо, Касемиро и Рафаел Варан, тврдејќи дека нивниот однос кон клубот бил проблематичен. Според него, играчите со огромно влијание сакале да диктираат свои правила наместо да го следат динамичниот и напаѓачки концепт што го барало раководството.

Роналдо го напушти „Олд Трафорд“ во ноември 2022 година, додека Тен Хаг остана уште две сезони. По минатогодишната стабилизација и враќањето во Лигата на шампионите под водство на Мајкл Керик, „црвените ѓаволи“ оваа сезона одново се мачат на стартот, освојувајќи скромни седум бода во првите седум кола.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.