Меѓународен фудбал Фудбал

Тел се посрамоти со изведен слободен удар, навивачите жестоко го нападнаа (ВИДЕО)

Тотенхем доживеа нов пораз во Премиер лигата, откако на домашен терен загуби од Њукасл со 0-2. Лондонскиот тим по две кола е без бод и без постигнат гол. Во центарот на вниманието се најде Матијс Тел, кој при 0-1 изведе слободен удар од добра позиција, но топката заврши високо над голот. Промашувањето предизвика бројни реакции кај навивачите, а дел од нив побараа Роберто Де Зерби да го извади Французинот од игра, што набрзо и се случи.

Њукасл го реши натпреварот со головите на Ентони Еланга и Јоан Виса, нанесувајќи му го вториот пораз на Тотенхем по стартната 3-0 загуба од Брентфорд. Лошиот почеток е особено разочарувачки поради речиси 400 милиони евра вложени во засилувања во текот на летото.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.