Меѓународен фудбал Фудбал

Таткото на Јамал предизвикал инцидент на аеродром, интервенирала и полицијата

Нов голем скандал ја потресе фамилијата на Ламин Јамал. Мунир Насрауи, таткото на младата ѕвезда на Барселона, се најде во центарот на вниманието по серија инциденти кои, според пишувањата на шпанските медиуми, започнале на аеродромот во Барселона, а продолжиле и за време на престојот во Лондон.

Според информациите, Насрауи најпрво плукнал работничка во еден угостителски објект на аеродромот, по што влегол во физичка пресметка со маж кој се обидел да ја заштити девојката. Инцидентот дополнително ескалирал кога таткото на фудбалерот целосно ја изгубил контролата, зграпчил стол и се обидел да го фрли кон мажот, поради што морала итно да интервенира и полицијата. Засега нема официјални информации за евентуални пријави или покренување судска постапка, а сите околности на настанот сè уште целосно се разјаснуваат.

Ова не беше единствениот испад на Насрауи во деновите околу свечената церемонија за доделувањето на „Златната топка“ во Лондон.

Веднаш по завршувањето на манифестацијата, тој имал непријатен и агресивен судир и со член на руска новинарска екипа. На снимките што се појавија на социјалните мрежи, се гледа како снимателот му приоѓа на Насрауи пред лондскиот театар „Паладиум“, по што таткото на фудбалерот реагираше бурнo и во еден момент се чинеше дека ќе му го избие телефонот од раката.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.