Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Таткото на Хендерсон откри ужасни вести: Левата подлактица му е целосно згмечена

Повредата на Џордан Хендерсон за време на прославата на победата над Мексико донесе шок за Англија. Искусниот играч за врска ја скрши левата подлактица по пад преку заштитната ограда, со што Мундијалот за него е завршен. Неговиот татко, Брајан Хендерсон, откри дека најтешките моменти ги поминал гледајќи го телевизискиот пренос.

Хендерсон веднаш бил пренесен во болница во Мексико Сити. Иако првично се мислело дека станува збор за полесна повреда на зглобот, деталните прегледи покажале потешки последици. Коските на подлактицата се целосно згмечени, веднаш му е ставен гипс, а специјалисти допрва ќе одлучуваат за начинот на кој ќе се изврши хируршкиот зафат.

Брајан Хендерсон призна дека во првиот момент не насетувал оти ситуацијата е драматична, сè додека во позадина на изјавата на Хари Кејн не ги здогледал носилата со Џордан. Англискиот репрезентативец го очекува операција од врвен специјалист кој работи со НФЛ ѕвезди, но тој реши да остане со соиграчите во кампот до последниот ден од шампионатот.

Во меѓувреме, во соблекувалната се случила и комична сцена која накратко го преплашила селекторот Томас Тухел. Дефанзивецот Џон Стоунс се пошегувал глумејќи тешка повреда на рамото, па германскиот стратег во првиот момент помислил дека загубил уште еден клучен фудбалер, пред да сфати дека станува збор за тимска шега.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.