Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Таткото на Халанд „распали“ по елиминацијата на Норвешка

По драматичната елиминација на Норвешка од Англија во четвртфиналето на Светското првенство, со остри реакции се огласи Алф-Инге Халанд, таткото на Ерлинг Халанд, кој смета дека неговата репрезентација била сериозно оштетена од судиските одлуки. Поранешниот норвешки репрезентативец не го криеше разочарувањето по поразот од 2-1 по продолженија во Мајами, посочувајќи дека судијата Жоао Пинеиро донел неколку спорни одлуки кои, според него, директно влијаеле врз конечниот исход.

Најмногу реакции предизвика поништениот погодок на Торбјорн Хегем, кој ќе и донесеше водство на Норвешка, но голот беше поништен поради прекршок на Ерлинг Халанд при изведување корнер. Алф-Инге Халанд преку социјалните мрежи порача дека Англија била „спасена од судијата“ и додаде дека се надева Англичаните да ја освојат светската титула, иако смета дека Норвешка била неправедно елиминирана.

Тој претходно иронично го коментираше и победничкиот гол на Џуд Белингем, испраќајќи порака: „Браво за Белингем… и за судијата“.

За време на натпреварот телевизиските камери го уловија Халанд постариот како бурно реагира од трибините, незадоволен од уште една спорна ситуација, кога Англија првично доби пенал, кој подоцна беше поништен по интервенција на ВАР. Неговите реакции само ја потврдија фрустрацијата што владееше во норвешкиот табор по крајот на мечот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.