Европски првенства Кошарка Меѓународна кошарка Репрезентација на Македонија

Ташовски најавува максимален пристап: Нема калкулации за Македонија!

Кошаркарската репрезентација на Македонија влегува во завршната фаза од претквалификациите за Европското првенство 2029 со јасна задача, да ги добие последните два натпревари и да го потврди првото место во групата. Пред дуелите со Ирска и Луксембург, бекот Виктор Ташовски нагласува дека тимот мора да остане максимално фокусиран и без потценување на противниците, иако ситуацијата на табелата им оди во прилог.

Македонија прво ја пречекува Ирска во Скопје на 2 јули во салата „Лазар Лечиќ“, а неколку дена подоцна гостува кај Луксембург во последниот натпревар од циклусот. Ташовски истакна дека во тимот постои јасен договор да се оди на победа на двата натпревари, без разлика што и еден триумф би бил доволен за осигурување на лидерската позиција.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.