Во саботниот термин од 16:00 часот се одиграа два натпревари од второто коло во англиската Премиер лига. Борнмут го имаше триумфот во свои раце против Евертон, но на крајот мораше да се задоволи со реми 1-1, додека во пресметката на новите премиерлигаши, Хал Сити ги однесе сите три бода од гостувањето кај Ковентри со минимални 1-0.
Борнмут беше на чекор до сигурен триумф во новата сезона, откако стигна до предност во 41. минута со погодокот на Алекс Скот. Домаќините успеваа да ја сочуваат предноста благодарение и на одличните одбрани на нивниот чувар на мрежата Петровиќ, кој во неколку наврати спаси чист гол и ги неутрализираше опасните обиди на противникот. Сепак, притисокот на гостите вроди со плод дури во втората минута од судиското продолжение, кога дефанзивецот Џејмс Тарковски погоди за 1-1 и му донесе важен бод на тимот на Дејвид Мојес. Во следното коло Борнмут му гостува на Њукасл, додека Евертон на домашен терен го пречекува Манчестер Јунајтед.
Иако Ковентри диктираше темпо во поголемиот дел од мечот и доминираше во поседот на топката, сериозните можности и упатените удари, гостите од Хал ги казнија сите промашувања на ривалот. Одлучувачкиот момент се случи во 81. минута, кога по еден совршено изведен контранапад, Лиам Милар ја смести топката во мрежата за конечни 1-0 и големи три бода за Хал Сити. Во третото коло Хал ќе ѝ гостува на Астон Вила, додека Ковентри го очекува претежок тест на гостувањето кај шампионот Манчестер Сити.

