Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Тамба: Слушнавме доволно за Хиберниан и знаеме дека пред нас е голем предизвик

Шкендија со голем оптимизам отпатува за Единбург, каде денеска ќе го одигра првиот натпревар против Хиберниан во третото квалификациско коло од Конференциската лига. Во таборот на тетовскиот клуб владее уверување дека тимот е подготвен за уште еден сериозен европски предизвик, а тоа го потврди и напаѓачот Фабрис Тамба.

Тамба истакна дека Шкендија максимално мотивирано го очекува дуелот со шкотскиот претставник и покрај тоа што не знае многу детали за противникот.

„Нè очекува важен натпревар против квалитетен ривал. Слушнавме доволно за Хибернијан и знаеме дека пред нас е голем предизвик“, изјави напаѓачот.

Тој додаде дека атмосферата на преполните трибини нема да претставува дополнителен притисок, бидејќи екипата веќе има стекнато искуство од настапите во европските натпреварувања.

Посебно внимание привлече и неговата споредба за европскиот пат на Шкендија.

„Квалификациите се како трејлер пред филмот. Минатата сезона веќе бевме во филмот, односно во групната фаза на Конференциската лига. Сега знаеме како изгледа и сакаме повторно да стигнеме таму“, порача Тамба.

Првиот натпревар меѓу Хибернијан и Шкендија ќе се одигра в четврток во Единбург, со почеток од 21:00 часот по македонско време.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.