Меѓународен фудбал Фудбал

Талиска бесен: Со ваква статистика заслужив повик во репрезентацијата!

Андерсон Талиска повторно проговори за своето отсуство од репрезентацијата на Бразил, сметајќи дека бројките што ги постигнува во клупскиот фудбал се доволни за повик. Бразилецот, кој моментално настапува за Фенербахче, досега нема одиграно ниту еден натпревар за сениорската селекција, иако има настапи за младинските категории.

„Ако се гледа статистиката, јас одамна требаше да бидам репрезентативец на Бразил. Сметам дека со моите статистички параметри го заслужив повикот, но очигледно нешто друго е пресудно“, изјави Талиска. На Светското првенство во 2026 година, селекторот Карло Анчелоти не го вклучи Талиска во својот список од 26 играчи.

И покрај тоа, 32-годишниот офанзивец не се откажува од желбата да заигра за „Кариоките“, но признава дека не може да влијае врз одлуките на селекторот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.