Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Светскиот шампион трепери за Нико Паз пред Мундијалот!

Селекторот на Аргентина се соочува со сериозен проблем на само неколку недели пред почетокот на Светското првенство во 2026 година. Наместо мирни подготовки, во таборот на „гаучосите“ владее голема неизвесност околу здравствената состојба на младиот креативец Нико Паз.

Фудбалерот кој блесна во дресот на Комо заработи повреда на коленото на првенствениот натпревар против Верона, поради што веќе пропушти два меча за својот клуб. Иако првите медицински прогнози беа оптимистички и најавуваа брзо враќање на терените, реалноста во моментов е многу посложена. Закрепнувањето на поранешниот играч на Реал Мадрид не оди по планираното темпо, па почетниот оптимизам кај лекарскиот тим нагло опадна. Постојат сериозни сомнежи дека повредата е од потешка природа, поради што неговиот настап на Мундијалот сега виси на конец. Лекарите секојдневно ќе ја следат неговата состојба, а конечниот збор за тоа дали ќе патува на СП 2026 ќе биде донесен во „минус пет до дванаесет“.

Заминувањето на Анхел Ди Марија во репрезентативна пензија го принуди стручниот штаб да бара нови, креативни решенија во средниот ред, а токму Паз требаше да биде еден од предводниците на новиот бран кај светските прваци. Неговото евентуално отсуство ќе биде огромен удар за ротацијата и средниот ред на Аргентина.

Доколку црните прогнози се остварат и Паз го пропушти планетарниот собир, како прва алтернатива и „спасител“ на позицијата офанзивен играч за врска се споменува Емилиано Буендија. Фудбалерот на Астон Вила зад себе има фантастичен финиш на сезоната, во кој беше еден од клучните фактори за пласманот на неговиот тим во Лигата на шампионите, па со право се наметнува како реална и квалитетна опција за составот на Аргентина.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.