Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Сузи Кортес најави нови тетоважи на интимни места за нов мундијалски триумф на Меси!

Познатата бразилска инфлуенсерка Сузи Кортес повторно го привлече вниманието на јавноста со својата поддршка за Аргентина и Лионел Меси. Таа најави дека ќе направи нови тетоважи, на интимни места, доколку „гаучосите“ стигнат до титулата на Светското првенство 2026. Кортес, која со години јавно го изразува своето воодушевување кон Меси, откри дека подготвува и дополнителни изненадувања за време на настапите на Аргентина на турнирот.

Таа е Бразилка, но истакна дека отсекогаш чувствувала посебна поврзаност со аргентинскиот фудбал и неговата традиција. Инфлуенсерката и претходно беше во центарот на вниманието поради своите објави поврзани со Меси, а нејзините најнови најави веќе предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.