Француското чудо Виктор Вембањама веќе ја залуде целата кошаркарска планета. Раководството на Сан Антонио Спарс нема никаква дилема за својата иднина. Тие му подготвија нов петгодишен договор вреден неверојатни 251 милион долари. Оваа сума означува заработка од околу 50 милиони долари по сезона.
Богатството на младиот кошаркар може да порасне и до астрономски 301 милион евра. Тоа ќе се случи доколку Вембањама потпише специјален „супермакс“ договор со тимот. Ова право го имаат само елитните играчи со врвни индивидуални признанија во НБА. Французинот целосно го заслужува тоа по неговите брутални партии на теренот.
Вембањама оваа сезона бележи просек од 23,2 поени и 10,8 скокови по натпревар. Тој е доминантен и во дефанзивата со дури 3,5 блокади по меч. Неговите бројки во конференциското финале беа уште подобри со 27,3 поени i 10,9 скокови. Сан Антонио ја елиминираше Оклахома и ќе се бори за титулата против Њујорк Никс.

