Меѓународен фудбал Фудбал

Судниот ден во Лондон за Тотенхем и Вест Хем!

Денешното последно коло во англиската Премиер лига носи драматична завршна битка за опстанок во елитното друштво. Вулверхемптон и Барнли се веќе отпишани, па денеска се бара последниот патник за Чемпионшип. Во игра за испаѓање се останати уште само лондонските ривали Тотенхем и Вест Хем.

Тотенхем на домашен терен го пречекува Евертон во натпревар каде и еден освоен бод му е доволен за спас. Спарси во моментов имаат два бода предност и се наоѓаат во многу подобра позиција од својот градски ривал. Дури и во случај на пораз, Тотенхем ќе опстане доколку Вест Хем не успее да победи на својот меч. Дополнителен плус за тимот на Спарси е и позитивната меѓусебна историја против тимот на Евертон.

Од друга страна, екипата на Вест Хем се наоѓа во исклучително тешка и незавидна ситуација пред своите навивачи. „Чекичарите“ едноставно мора да остварат победа против Лидс за да ги задржат шансите за елитата. Нивната судбина не зависи само од нивниот резултат, па затоа ќе мора да чекаат и добри вести. Двата клучни натпревари започнуваат денеска во истиот термин, точно во 17:00 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.