Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Суарез подготвен за последен танц на Мундијалот!

Фудбалските легенди ретко знаат кога навистина е крајот, особено кога во нив сè уште тлее огнот за докажување на најголемата сцена. Луис Суарез, човекот кој со децении ги тероризираше одбраните ширум светот, изгледа е подготвен за уште едно, можеби најнеочекувано поглавје во својата репрезентативна кариера.

Во септември 2024 година емотивно се прости од дресот на Уругвај, популарниот „Канибал“ јавно призна дека вратата за негово враќање во националниот тим е широко отворена. Пред самиот старт на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, 39-годишниот напаѓач на Интер Мајами изјави дека е подготвен да ја прекине пензијата доколку селекцијата има потреба од неговото искуство. Суарез, кој е рекордер со 69 гола за својата земја, нагласи дека неговата мотивација е на исто ниво како на почетокот на кариерата, а гневот по секој пораз и радоста по секој гол се јасен доказ дека неговото тело сè уште може да го следи натпреварувачкиот ритам.

Оваа најава за камбек доаѓа по периодот на затегнати односи со селекторот Марсело Биелса, кого Суарез претходно јавно го критикуваше за начинот на водење на соблекувалната. Сепак, искусниот напаѓач потврди дека ги расчистил недоразбирањата и дека неговото повлекување било првенствено за да им се отстапи место на помладите, но дека желбата за настап на петтиот Мундијал во кариерата е посилна од сè. Со оглед на тоа што Светското првенство започнува на 11 јуни на тлото каде тој моментално настапува, присуството на Суарез би можело да биде клучниот фактор и огромен мотив во походот на висок пласман.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести