Кошарка Македонска кошарка

Струмица го изненади МЗТ Скопје и му го нанесе првиот пораз во Суперлигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје не успеаја да ја продолжат победничката серија во домашното првенство, откако вечерва на гостувањето во Струмица претрпеа пораз од 87:79. За актуелниот шампион ова е прв неуспех во Суперлигата, но и втор последователен пораз во период од само два дена.

„Металците“ очигледно не успеаја да се опорават од европскиот неуспех против АЕК Ларнака (69:85), па уште еднаш ја напуштија теренската пресметка со наведнати глави. Во салата „Парк“ се водеше израмнета битка во поголемиот дел од натпреварот, а ниту една екипа не успеа да направи посериозна разлика во првите три четвртини.

Струмичани го добија првиот период со идентични 26:26, а на полувремето заминаа со минимална предност од три поени (47:44). МЗТ возврати во третата четвртина, во која беше подобар за истата разлика, па пред последните десет минути резултатот беше израмнет на 64:64.

Сепак, кога се решаваше прашањето за победникот, домашниот состав одигра подобро и успеа да го скрши отпорот на фаворизираниот противник. Струмица го искористи падот во играта на гостите, а по поените на Харис стигна до највисоките дотогаш десет поени предност (80:70), на четири минути пред последниот звук на сирената. МЗТ немаше одговор за налетот на домаќините, кои рутински ја зачуваа предноста до крајот и се радуваа на голема победа. Малик Џејкоб беше најзаслужен за триумфот на Струмица со одлични 29 поени, додека Кем Крафорд го заврши натпреварот со 21 поен. Кај МЗТ Скопје, Војдан Стојановски беше најефикасен со 17 поени, а Андреј Маслинко придонесе со 15.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.