Струга Трим Лум продолжува да го освежува составот со млади и перспективни фудбалери. Стружани имаат одличен старт на сезоната во ПМФЛ, а со новото засилување добиваат уште една опција во офанзивниот дел од тимот. Амбициите се високи, па конкуренцијата за место во составот дополнително ќе се зголеми.
Нов член на тимот е 20-годишниот Даниел Акинлосоту, офанзивен фудбалер од Нигерија кој примарно настапува на десната крилна позиција, но може да одговори и на задачите во нападот. Младиот Нигериец треба да внесе дополнителна брзина и избор повеќе за тренерот Бледи Шкемби, особено во офанзивната ротација. Од него во Струга очекуваат постепено да се наметне и да ја оправда довербата што му е укажана.
Струга Трим Лум одлично ја отвори новата сезона во ПМФЛ, со две победи и едно реми во првите три кола. Следниот предизвик ќе биде значително потежок, бидејќи стружани ги очекува дуел со Шкендија од Тетово, која моментално се наоѓа на врвот на табелата.

