Македонски фудбал Фудбал

Струга ќе го пречека Силекс во дербито, Шкендија е домаќин на Башкими

Денес ќе се одиграат преостанатите два натпревари од 29. коло во ПМФЛ. Струга во дербито на колото, на домашен терен ќе ја пречека екипата на Силекс, во битката за третата позиција. Иако Струга има предност од 7 бодови на табелата, со евентуална победа, кратовчани кои се во одлична форма и имаат четири победи на последните четири натпревари, би се доближиле на само 4 бодови, но доколку домаќинот победи, ќе има речиси недостижна предност пред четвртопласираниот Силекс. Натпреварот ќе почне од 13:00 часот.

Во последниот натпревар во ова коло, Шкендија ќе има полесна задача и на домашен терен, во Тетово, ќе ја пречека екипата на Башкими. Актуелниот шампион е моментално на втората позивија и со натпревар помалку, заостанува пред лидерот Вардар со 4 бодови. Овој натпревар ќе почне во 16:00 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести