Легендата на македонскиот ракомет и поранешен капитен на Вардар, Столе Стоилов, од jуни 2026 седнува на столчето на РК Бутел. Тој потпиша двегодишен договор со опција за продолжување, доколку ги остварат заедничките цели. Во моментов Стоилов е ангажиран и во сениорската репрезентација на Македонија, каде работи како помошник на Кирил Лазаров. Бутел ќе биде првиот клуб во тренерската кариера на Стоилов каде ќе работи самостојно како прв тренер на тимот.
„Сакам да се заблагодарам за довербата на раководството на Бутел Скопје. Ситуацијата во македонскиот ракомет е чиста – сега имаме четири клубови кои се помоќни финансиски од другите, но за да имаме силна репрезентација, другите клубови треба да се посветат повеќе внимание на македонските млади играчи и да не купуваат странци. Бутел веќе има костур на екипата, иако има и млади ракометари, но тие имаат суперлигашко искуство. Би го надополнил ростерот со млади од други екипи за кои сметам дека може да станат големи играчи. Амбициите остануваат и за наредната сезона – пласман во плеј-офот, само со македонски ракометари“, изјави Стоилов.

