Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Столе Димитриевски уште две години во Валенсија!

Раководството на поранешниот шпански првак Валенсија ги разреши сите дилеми околу иднината на македонскиот чувар на мрежата откако донесе дефинитивна одлука да ја активира клаузулата во неговиот договор со што си го обезбеди потписот на Столе Димитриевски за дополнителни две сезони.

Иако нашиот репрезентативен голман немаше статус каков што заслужуваше во првите осумнаесет месеци од неговата авантура на култниот стадион Местаља, работите драстично се сменија во вториот дел од изминатиот шампионат каде Димитриевски конечно доби континуитет меѓу стативите и максимално ја оправда укажаната доверба со низа спектакуларни партии. И покрај тоа што за неговите услуги постоеше сериозен интерес од неколку реномирани клубови ширум Европа меѓу кои најмногу се издвојуваше францускиот Олимпик Марсеј, управата на шпанскиот тим реагираше брзо и преку официјално соопштение потврди дека македонскиот голман останува во нивните редови.

Клупските челници јавно го пофалија Димитриевски потенцирајќи дека неговото огромно искуство и квалитетни одбрани директно придонеле за подемот на формата на целиот тим во клучниот дел од сезоната каде тој успеа да ја зачува својата мрежа недопрена на дури пет важни натпревари во големите победи против Леванте, Хетафе, Осасуна, Севилја и Атлетик Билбао.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.