Меѓународен фудбал Фудбал

Столе Димитриевски пред голем предизвик, Барселона гостува на „Местаља“

Барселона влегува како голем фаворит на денешното гостување кај Валенсија на „Местаља“ од 16:15 часот, во рамките на четвртото коло од Ла Лига. Избраниците на Ханси Флик имаат импресивен старт на шампионатот со постигнати дури 12 гола на првите три натпревари, а по киксот на Реал Мадрид против Бетис, имаат можност дополнително да ја зацврстат лидерската позиција.

Главна движечка сила на каталонскиот гигант е капитанот Рафиња, кој одлично се снајде во улогата на „лажна деветка“ по заминувањето на Роберт Левандовски и веќе постигна пет погодоци. Со оглед на тоа што Барса во среда го започнува настапот во Лигата на шампионите против Фајенорд, Флик планира одредени ротации. На крилните позиции се очекува да стартуваат засилувањата Ентони Гордон и Карим Адејеми, додека Ламин Јамал и новопристигнатиот Габриел Жесус веројатно ќе чекаат шанса од клупата.

На спротивната страна, Валенсија се наоѓа во сериозна криза со само еден освоен бод по три кола. Најголемиот предизвик на овој меч ќе го има македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, кој ќе ја чува мрежата на „лиљаците“ и ќе се обиде да го запре најдобриот напад во Шпанија. Тренерот Карлос Корберан има огромни кадровски проблеми поради повредите на Садик, Риоха, Гуидо и Диего Лопез, па во офанзивата ќе ги предводи Арнаут Данџума.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.