Македонски фудбал Фудбал

Стојчевски пред дуелот со Вардар: Македонија ЃП никогаш не се предава!

Македонија Ѓорче Петров денеска од 15:30 часот му гостува на Вардар, во малото скопско дерби кое ќе се одигра на Арената „Тодор Проески„.  Играчот од средниот ред на „лавовите“, Филип Стојчевски, со свое видување пред самиот натпревар.

„Никој не би сакал тоа да се случи. Ниту пак помислуваме на таков развој на настаните. Нема друга опција за нас, туку само борба до крај. Македонија ЃП ќе се бори до крај. На секој меч, на секој терен, против секој противник“  – вели искусниот Филип Стојчевски.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести