Стеф Кари влегува во својата 18-та НБА сезона со огромен мотив. Најдобриот шутер на сите времиња верува во многу подобри изданија на Голден Стејт.
Здравствената состојба на екипата ќе биде од клучно значење за високите амбиции. Поради проблеми со десното колено, Кари минатата сезона одигра само 41 натпревар.
Иако веќе има 38 години, двојниот МВП останува централна фигура во клубот. Генералниот менаџер Мајк Данливи потврди дека легендарниот бек сака да ја заврши кариерата во Сан Франциско.
Искусниот плејмејкер наскоро ќе може да потпише нов договор со Вориорс. Изминатата сезона тој оствари просек од 27,2 поени и 4,8 асистенции по натпревар.

