Кошарка Меѓународна кошарка

Стеф Кари не размислува за пензија: Целта, 20 сезони во НБА!

Голден Стејт Вориорс и нивната најголема легенда Стеф Кари наскоро ќе преговараат за ново продолжување на соработката. 38 годишниот плејмејкер неодамна ја заврши својата седумнаесетта сезона во најсилната кошаркарска лига во светот.

Според НБА инсајдерите, најдобриот шутер во историјата има јасна цел да одигра најмалку 20 сезони. Во август се очекува да му биде понуден нов договор за остварување на оваа цел. Најголемата желба на Кари е да се бори за уште еден шампионски прстен со „воините“.

Минатата сезона тој одигра само 43 натпревари поради повреди, но сепак прикажа доминантни бројки на паркетот. Бележеше просек од 26,6 поени, 3,6 скока и 4,7 асистенции по натпревар, докажувајќи ја својата класа.

Актуелниот договор му истекува следната година, а раководството на клубот воопшто не размислува за реконструкција на тимот. Целта на франшизата е максимално да ги искористи преостанатите играчки години на овој четирикратен НБА шампион.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести