Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

СТАРТНИ СОСТАВИ: Вардар со една измена брка пресврт против Рига!

Фудбалерите на Вардар вечерва го играат реванш-натпреварот против Рига во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Скопските црвено-црни ќе бркаат победа по поразот од 2:3 на првиот меч.

Стратегот Кристијан Фабијани се одлучи за само една промена во првиот тим. На местото на Бобан Николов стартува Иан Пулејо, а Кастењада ќе има подефанзивна улога.

Забележително е што репрезентативниот стопер Дарко Велковски се врати во тимот, но дуелот ќе го започне од клупата за резерви.

Вардар го започнува мечот со: Талески, Јанкулов, Најдовски, Матиќ, Маневски, Кастењада, Бабунски, Пулејо, Пиреш, Родригес и Омерагиќ.

Натпреварот меѓу Рига и Вардар се игра на стадионот „Сконто“ со почеток од 19:00 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.