Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Старт на четвртфиналето на Мундијалот: Мароко оди на мегдан со моќната Франција!

По кратката пауза, Светското првенство продолжува со четвртфиналните возбудувања. Вечерва од 22:00 часот во Бостон, Франција и Мароко се борат за полуфинале.

Французите влегуваат во овој дуел како главни фаворити за освојување на трофејот. Избраниците на Дидие Дешам досега покажаа врвен квалитет и примија само два гола. Во нокаут-фазата убедливо ја елиминираа Шведска, а потоа со минимални 1:0 славеа против Парагвај. Со тоа „триколорите“ потврдија дека имаат квалитет за враќање на светскиот трон.

Мароко веќе одамна не е изненадување, туку докажана и респектибилна светска сила. Сепак, „лавовите од Атлас“ се соочуваат со огромен хендикеп пред вечерашниот натпревар. Поради незгодна повреда, надвор од комбинација е нивната главна ѕвезда, Исмаел Саибари. Напаѓачот на Баерн Минхен играше во животна форма и ги елиминираше Холанѓаните.

„Саибари денес нема да игра. Се надевам на него за следниот меч“, потврди селекторот Мохамед Оуахби.

Сепак, Мароканците имаат одличен тимски систем и никако не смеат предвреме да се отпишат. Во останатите четвртфинални двојки во следните денови ќе се соочат Шпаниј-Белгија, Норвешка-Англија и Аргентина-Швајцарија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.