Меѓународен фудбал

Стари гревови, нова казна – УЕФА исфрли клуб од европските натпреварувања!

УЕФА донесе строга одлука против азербејџанскиот клуб Туран Товуз, кој нема да настапи во следното издание на Конференциската лига. Причината е поврзана со случаи на местење натпревари, во кои биле инволвирани поранешни фудбалери на клубот пред неколку години. Иако Туран Товуз го освои третото место во домашното првенство и обезбеди пласман во второто квалификациско коло, европската куќа на фудбалот оцени дека клубот не ги исполнува условите за учество во натпреварувањето.

Од клубот веднаш реагираа, најавувајќи дека ќе ја обжалат одлуката пред Спортскиот арбитражен суд во Лозана, со надеж дека ќе ја поништат санкцијата. Според правилникот на УЕФА, клубовите кои во последните десет години биле директно или индиректно поврзани со местење натпревари немаат право на настап во европските купови. Во случајот со Туран Товуз, седуммина играчи беа дисциплински казнети од Фудбалската федерација на Азербејџан уште во 2019 година, што сега се покажа како пресуден фактор за исклучувањето на клубот од европската сцена.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.