Меѓународен фудбал Фудбал

„Старата дама“ се разбуди, Јувентус славеше на гостувањето кај Лече (ВИДЕО)

Јувентус се врати на победите во Серија А, откако славеше со 2-0 на гостувањето кај Лече во натпреварот од осмото коло. Избраниците на Лучано Спалети ја завршија работата уште во првото полувреме, прекинувајќи ја серијата од два натпревари без триумф. Вестон Мекени го отвори резултатот во 30. минута по одлично изведен слободен удар од Даглас Луиз. Бразилецот пред паузата се запиша и меѓу стрелците, кога со силен удар од работ на шеснаесетникот, по додавањето на Федерико Гати, зголеми на 2-0.

Лече се обиде да се врати во натпреварот по паузата, но не успеа сериозно да ја загрози предноста на гостите. Јувентус мирно го контролираше текот на средбата и ги освои трите бода без поголеми проблеми. Со оваа победа, „старата дама“ се искачи на седмото место на табелата и испрати позитивен сигнал по тешкиот пораз од Лацио. Лече, пак, продолжува да бара подобра форма во домашното првенство.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.