Македонски фудбал Фудбал

Стадионот во Битола е тотално уништен, трева речиси и да нема! (ФОТО)

Шокантни фотографии споделија колегите од ТВ Тера од Битола! Стадионот „Петар Милошевски “ е во катастрофална состојба и речиси остана без тревникот. Според колегите од Битола, до ваков развој на настаните е дојдено поради концертите кои се одржувале изминатиов период во градот, а тревникот бил оставен без никаква заштита.

Да потсетиме дека на истиот терен пред неколку месеци нашите младински машки и женски репрезентаци играа квалитетни европски натпревари, а сега, овој терен служи за садење компири и ништо повеќе! Катастрофален однос од страна на организаторот, а уште поголема одговорност треба да сносат првите луѓе на градот кои воопшто дозволија стадионот да биде уништен.

Со реакција очекуваме да се јави и ФФМ која вложи доста средства за Битола да добие обновен модерен стадион.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.