Други спортови Одбојка

Српските одбојкарки до бронзен медал по пресврт во мечот со Полска

Женската одбојкарска репрезентација на Србија го освои бронзениот медал на Европското првенство, откако во мечот за третото место ја совлада Полска со 3:1. Србинките одиграа одлично во првите два сета и со 25:21 и 25:19 направија голем чекор кон победата. Сепак, натпреварот доби неочекуван тек во третиот сет, кога селекторот Зоран Терзиќ почувствувал здравствени проблеми и побарал дозвола да ја напушти клупата.

Терзиќ, во придружба на лекарот на репрезентацијата, заминал во соблекувалната, што очигледно влијаело врз концентрацијата на српските одбојкарки. Полска ја искористи ситуацијата и убедливо го доби третиот сет со 25:15. По дополнителната пауза, Србија повторно ја презеде контролата врз играта и во четвртиот сет славеше со 25:18, со што ја потврди победата и стигна до бронзениот медал.

Така, српската селекција го заврши шампионатот со одлично одличје, и покрај драматичниот момент кој ја одбележа завршницата на натпреварот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.