Кошарка Македонска кошарка Меѓународна кошарка

Српскиот плејмејкер Тадиќ пристигна во МЗТ Скопје!

МЗТ Скопје продолжува да го формира тимот за новата сезона, а најновото засилување пристигнува на бековската позиција. Дресот на македонскиот шампион ќе го носи српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ. 27-годишниот кошаркар има солидно искуство од регионалната и меѓународната сцена. Својата кариера ја започна во белградски Партизан, со кој во 2018 година го освои Купот на Србија, додека во 2022 година со Златибор стигна до титулата во АБА2-лигата.

Тадиќ има и репрезентативно искуство, откако со младинската селекција на Србија триумфираше на Европското првенство во 2017 година. Во текот на кариерата настапуваше и за Младост Земун, Слобода Ужице, унгарски ДЕАЦ, како и за Куманово и Сутјеска, па добро ги познава македонската кошарка и регионалното натпреварување. Од новиот плејмејкер во МЗТ очекуваат со својата организација на играта, прегледност и искуство да внесе дополнителна стабилност и креативност во тимот, кој сезонава ќе се натпреварува на домашната сцена, во АБА2-лигата и ФИБА Европа.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.