Кошарка Македонска кошарка

Српскиот џин Димитрије Николиќ го засили МЗТ Скопје!

МЗТ Скопје продолжи со засилување на ростерот и официјално го промовираше српскиот центар Димитрије Николиќ како ново засилување. 28-годишниот кошаркар висок 211 сантиметри доаѓа во „Јане Сандански“ за да донесе дополнителна физичка сила и цврстина под обрачите.

Искусниот српски кошаркар во кариерата четири години го носеше дресот на Партизан, а градеше кариера и во Литванија и Романија. Неговите физички квалитети и богатото искуство ќе бидат клучен адут за аеродромци на двете страни од паркетот во сите натпреварувања.

Николиќ е четвртиот интернационалец летово по доаѓањето на Американците Лесли Ворнер и Ноа Фарахан, како и босанскиот центар Емир Крајиниќ. Екипата предводена од Васко Атанасов ги зачува домашните адути и интензивно се подготвува за силен настап во АБА2 лигата и ФИБА Еврокупот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.