Македонски фудбал Репрезентација на Македонија Фудбал

Србија сака да ни го „украде“ Гаштаров: ФСС спрема офанзива за македонскиот бисер од Црвена Звезда

Младиот македонски фудбалер Матеј Гаштаров, кој блеска во дресот на Црвена Звезда и неодамна доби повик од селекторот Гоце Седлоски за А-репрезентацијата на Македонија, се најде на мета на Фудбалскиот сојуз на Србија. Србите отворено најавија офанзива за да го убедат 19-годишниот Матеј да го промени репрезентативниот дрес и во иднина да настапува за нивната селекција.

„Ќе видиме, ќе направиме сѐ што е во наша моќ и ќе се обидеме“, изјави Стојиќ, кој не штедеше комплименти за квалитетите на фудбалерот роден во Скопје.

Директорот за стратегија и развој во ФСС, Ранко Стојиќ, во подкастот „2×45“ потврди дека српската куќа на фудбалот ќе се обиде да му го одземе овој бисер на македонскиот фудбал, иако Гаштаров ги помина сите младински категории на нашата земја и веќе е на официјалниот список на Седлоски.

„Тој има перфектен профил за дефанзивен играч за врска. Висок е, игра со крената глава, го гледа теренот и не прави грешки. Информацијата ја обработува брзо и веднаш донесува точна одлука, без непотребно компликување. Има одличен потенцијал и треба само физички дополнително да зајакне за европските предизвици“, додаде Стојиќ.

Иако ФСС јавно го покажа својот апетит за македонскиот талент, предноста е во наши раце. Со оглед на тоа што Гаштаров е веќе дел од сениорскиот список на Македонија, наскоро се очекува неговиот официјален деби-настап во црвено-жолтиот дрес, со што дефинитивно ќе се стави крај на сите српски шпекулации и обиди.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.