Неверојатен скандал и хаос ја одбележаа завршницата од фудбалското првенство во Србија. Натпреварот меѓу Раднички Крагуевац и Јавор донесе шокантни сцени по последниот судиски свиреж. Наместо заедничко славење за опстанокот, на теренот се случи масовна тепачка меѓу играчите и навивачите.
Дуелот од последното коло во плеј-аутот заврши со нерешени 2:2. Овој резултат му обезбеди сигурен опстанок на тимот на Раднички во српската Суперлига. Сепак, големата радост за само неколку моменти се претвори во вистински пекол.
Тренерот Славко Матиќ и неговите фудбалери втрчаа на теренот за да го прослават успехот. Во тој момент, домашните навивачи неочекувано влетаа на тревникот. Наместо поддршка, тие започнаа ненадеен и жесток напад кон сопствените играчи.
Ситуацијата брзо излезе од контрола, па мораше експресно да интервенира и полицијата. Видно револтираните фудбалерите на Раднички тргнаа во физичка пресметка со толпата. Специјалните сили со мака ги оттурнаа насилните навивачи назад кон трибините.
View this post on Instagram
View this post on Instagram

