Македонски фудбал Фудбал

Спонзорот на Шкендија најави повлекување од мак-фудбалот !?

Тимот од Тетово преку официјално соопштение испрати порака до Фудбалската федерација на Македонија, во која гласи, спонзорот на клубот е спремен да го напушти тимот, но и вложувањето во мак-фудбалот, се додека не си ја преиспитаат одлуката која беше донесена пред неколку дена, а поврзана e со казната која ја заработија црвено-црните во висина од 105.000 евра, но и забрана за настап во Купот на Македонија за сезоната 2026/27.

Во целост ви го пренесуваме соопштението:

„По неодамнешната одлука на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) против Шкендија, спонзорот на клубот бара оваа скандалозна одлука итно да се преиспита и корегира.

Шкендија е меѓу ретките клубови кои работеле со сериозност, коректност и целосно почитување на спортските и финансиските обврски. Нашиот придонес низ годините имаше големи трошоци, напори и жртви. Покрај тоа, Шкендија е клубот кој, со своите достоинствени настапи во Европа, го зголеми коефициентот на лигата, од кој имаат корист сите клубови и благодарение на што, од следната година, нашиот фудбал ќе има дополнително место во европските купови.

Затоа, неприфатливо е одлуките донесени на маса да му штетат на сериозен проект и да го наградуваат овој придонес со намерен удар. Овој пристап не наведува и да ја разгледаме опцијата за повлекување на клубот од фудбалот од Македонија. Доколку ФФМ не ја повлече оваа одлука, тогаш ние како спонзор сериозно ќе размислиме за понатамошно продолжување, бидејќи оваа одлука ги крши правата и политиките на клубот. Очекуваме органите на ФФМ итно да размислат, во интерес на спортската правда, клубот и иднината на фудбалот воопшто“, стои во соопштението на Шкендија. 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.