Други спортови Тенис

Спектакуларно враќање, Серена Вилијамс победи по 4 години пауза!

Легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс и освојувач на неверојатни 23 Грен слем титули во сингл и 14 во дубл, одново ги воодушеви спортските фанови со официјално враќање на терените по четиригодишно отсуство.

Иако 44-годишната икона долго време ги демантираше гласините за нејзин камбек, кои прв ги лансираше познатиот новинар Бен Ротенберг, таа веќе подолг период тајно се подготвувала за овој момент. Серена се појави на ВТА 500 турнирот во Лондон, каде настапува во конкуренција на двојки, здружувајќи ги силите со дури 25 години помладата партнерка, Викторија Мбоко.

Дека класата е вечна, помладата од сестрите Вилијамс докажа уште во првото коло. Нивната комбинација извојува убедлива победа од 2:0 во сетови (7:6, 6:2), а публиката во Лондон остана без здив во еден од гемовите, каде Серена сервираше како во најдобрите денови, врзувајќи два неодбранливи аса и еден директен винер од почетен удар.

Ова е прв триумф за американската тениска кралица на ВТА турнејата по речиси четири години. Засега нема потврда дали Серена ќе се одлучи да одигра и некој меч во сингл конкуренција, но по ваквото доминантно издание во дубл, јасно е дека никој не би се изненадил доколку наскоро ја видиме сама на теренот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.