Кошарка Меѓународна кошарка

Спектакуларни 44 поени на Стеф Кари за триумф над Минесота (ВИДЕО)

Стеф Кари приреди уште едно незаборавно шоу и со 44 постигнати поени го предводеше Голден Стејт до победа на гостувањето кај Минесота Тимбервулвс со 119:114. По почетните три порази, екипата на Стив Кер го фати победничкиот ритам и ја запиша втората победа по ред, максимално користејќи го отсуството на првата ѕвезда на домаќините, Ентони Едвардс, кој замина на операција на коленото.

Првата виолина на Вориорс ги заврши 32-те минути на паркетот со 8 скокови, 6 асистенции, 6 погодени тројки и перфектни 16/16 од линијата за слободни фрлања. Кари повторно имаше фантастична поддршка во дебитантот Јаксел Лендеборг, кој по одличната партија против Денвер, овојпат уфрли 26 поени, па тандемот заедно постигна дури 70 од вкупните 119 поени на гостите. Кај Минесота, која го претрпе вториот последователен пораз, Џонатан Куминга постигна 20 поени, додека Џејден Мекдениелс и Теренс Шенон помладиот додадоа по 19 поени.

Во останатите натпревари од вечерта во НБА лигата, Детроит го совлада Шарлот со 97:89, Торонто го декласираше Орландо со 129:99, додека Хјустон убедливо славеше на гостувањето кај Милвоки со 132:100. Во исклучително ефикасен дуел Њујорк го победи Чикаго со 133:127, Сан Антонио го совлада тимот на Јута со 117:111, а Далас оствари убедлив триумф над фаворитот Оклахома со 120:96.




Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.